Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Еден ден по одржаниот вториот генерален штрајк во Србија, протестните маршеви продолжија во голем број градови.
Граѓаните од Белград, Нови Сад, Ниш и од други градови излегоа на улица, додека студентите од Суботица пешачат кон Белград, каде што се очекува да пристигнат на 15 март на голем митинг.
Студентите од Универзитетот во Ниш кои се пријавиле дека пеш ќе одат на протестот што ќе се одржи во Белград на 15 март, утре во 6 часот со автобус ќе заминат до манастирот Манасија кај Деспотовац, а потоа оттаму во текот на претпладнето ќе се упатат кон главниот град на Србија. Sitel
Неформална група студенти од Универзитетот во Ниш која организира протести и блокади ги повика граѓаните на Ниш да учествуваат на утрешниот протест пред градското собрание кој ќе биде организиран под наслов „Несреќните 13“.
Како што е најавено, нема да има протестен марш, туку акцентот ќе биде ставен на сеќавањето на корупциските скандали кои ги одбележаа последните 13 години од животот на луѓето во Србија, пренесе Бета. Libertas
Студентите кои се пријавиле да патуваат до Белград со велосипед ќе тргнат на протестот в понеделник на 10 март.
Велосипедистите ќе патуваат по патеката што води од Ниш преку Вукашиновац, Крушевац, Мрчајевци, Чачак, Горњи Милановац, Љиг, Лазаревац и Обреновац, до Белград. Biznisvesti
Утре, недела, пеш кон Белград најавија дека ќе тргнат и студентите кои ги блокираат факултетите во Ниш.
Тие велат дека ќе тргнат на шестдневна протестна прошетка „Ниш си оди, Ниш пристигнува“ до Белград, каде на 15 март ќе се одржи голем протест. Libertas
На плоштадот се собраа неколку стотици луѓе.
Најавен е 18-минутен молк за жртвите на настрешницата од Нови Сад и три жртви на фемицид, но непосредно пред тоа организаторот преку разглас објави дека штотуку слушнале за уште една жртва на фемицид, па наместо 18 ќе има 19 минути молчење. A1on
Студентите од српскиот град Суботица денеска пеш тргнаа кон Белград, каде треба да пристигнат до 15 март за кога е најавен голем студентски собир.
Студентот Алекса Срејиќ за дека тргнале кон Белград во осум часот наутро, а во групата ги има околу осумдесет студенти. 360stepeni
„Патување од 193 километри, шест дена заедништво и истрајност!
Придружете ни се и бидете дел од овој потфат“, Инаку, како што јави Н1, синоќа се одржа вториот генерален штрајк во Србија на кој повикаа студентите во блокада. 360stepeni
На Меѓународниот ден на жената во Варшава, симболично, во близина на зградата на парламентот и седиштата на главните полски партии, беше отворена првата амбуланта каде што Полјачките можат да извршат абортус во раната бременост, иако во Полска тоа е забрането, освен ако не го загрозува животот и здравјето на трудницата или ако плодот е резултат на силување или инцест.
Полскиот премиер Доналд Туск објави дека неговата влада работи на план за задолжителна воена обука за секој возрасен маж во земјата, како одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа.
Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) денеска постигнаа договор за спорните политички прашања, што е чекор напред кон формирање коалициска влада во која нема да има место за крајнодесничарската АФД, иако станува збор за две водечки партии со идеолошки разлики.
Германските конзервативци предводени од Фридрих Мерц и Социјалдемократската партија (СПД) денеска соопштија дека постигнале начелен договор за формирање влада која планира да инвестира во заживување и превооружување на земјата, најголемата европска економија.
Обединетите нации реагираа на синоќешните руски напади врз Украина, нагласувајќи дека тоа е еден од најсмртоносните денови за цивилите оваа година.
Жестока кавга меѓу Рубио и Маск во Белата куќа поради кратењата на персоналот Државниот секретар Марко Рубио и милијардерот-претприемач Илон Маск имале жестока кавга на состанок на кабинетот свикан од Доналд Трамп, дознава Њујорк тајмс, повикувајќи се на информиран извор.
Зголемениот гнев поради неконтролираната моќ на милијардерот се излеа на вонреден состанок во кабинетот.
Папата Франциск денеска ја испрати својата прва аудио порака откако беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија пред речиси три недели, изразувајќи благодарност до луѓето ширум светот кои го поддржаа.
Гласот на папата Франциско се слушна за прв пат откако беше примен во болница минатиот месец, во новообјавената аудио порака.