Романскиот највисок суд ги поништи изборите два дена пред вториот круг на гласање во декември, наведувајќи ги наводите за руско мешање во корист на Џорџеску, што Москва ги негираше а Букурешт не пружи ниеден конкретен доказ освен бербално обвинување.
Членовите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во прв ред потпреседателот ЏејДи Венс минатиот месец на безбедносниот форум во Минхен, исклучително остро критикуваше дека поништените избори во Романија се пример за тоа како владите до Европската унија ја поништуваат волјата на гласачите, ги задушуваат своите политички противници од крајната десница и слободата на говорот. Netpress