Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги удвои планираните тарифи за сите производи од челик и алуминиум што доаѓаат во САД од Канада на 50 отсто, како одговор на потегот на провинцијата Онтарио, чии власти денеска објавија дека на американските домаќинства ќе им наплатат 25 отсто повеќе за струја.
Од денеска стапуваат во сила царините од 25 отсто што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за увоз на челик и алуминиум во Соединетите Американски Држави.
Премиерот на Онтарио, Даг Форд, најави дека привремено ќе го суспендира данокот од 25 отсто на извозот на електрична енергија во САД додека траат преговорите со американските официјални лица.
Премиерот на канадската покраина Онтарио, Даг Форд, денеска изјави дека привремено го суспендира планираниот намет од 25 отсто за извоз на електрична енергија во САД, откако американскиот секретар за трговија, Хауард Латник, се согласи на обновени трговски преговори.