Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека имал многу добар и продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, тврдејќи дека има големи шанси на оваа ужасна, крвава војна конечно да ѝ дојде крајот.
Трамп, исто така, рече дека разговарал со Путин за украинските сили во Курск, барајќи од рускиот лидер да ги поштеди нивните животи откако наводно биле опколени од руските сили.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал „многу добар и продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, тврдејќи дека „има големи шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да дојде до крајот“. A1on
Тој рече дека побарал од рускиот претседател да ги поштеди животите на украинските војници.
„Тоа би бил ужасен масакр, каков што не е забележан од Втората светска војна. Denesen
Тој истакна дека „украинските милитанти извршиле бројни злосторства против цивилното население на Русија“, но дека ги цени напорите на администрацијата на Трамп за нормализирање на односите со Москва, пренесува РИА Новости.
„Новата администрација, предводена од претседателот Трамп, прави сè за да врати барем дел од она што беше практично сведено на нула, што беше уништено од претходната американска администрација“, рече тој. Kanal5
Рускиот претседател Владимир Путин денеска, одговарајќи на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да ги поштеди животите на украинските војници, рече дека за тоа е потребна наредба од украинското раководство до армијата да го положат оружјето и да се предадат. A1on
„Во таа насока, би сакал да нагласам дека доколку го положат оружјето и се предадат, ќе им се гарантира живот и достоинствен третман во согласност со нормите на меѓународното право и законите на Руската Федерација“, рече Путин.
Тој истакна дека „украинските милитанти извршиле бројни злосторства против цивилното население на Русија“, но дека ги цени напорите на администрацијата на Трамп за нормализирање на односите со Москва, пренесува РИА Новости. Kanal5
„Бог да им помогне“, рече Трамп.
Путин и Трамп разговараа телефонски во четвртокот. Denesen