Орбан им порача на организаторите на Парадата на гордоста: Подобро да не се ни обидуваат да ја организираат.
Унгарската владејачка партија денеска поднесе предлог-закон до Парламентот со кој се забранува Парадата на гордоста на ЛГБТ заедницата и се наметнуваат парични казни за организаторите и тие кои ќе присуствуваат на настанот, кој се одржува во Будимпешта веќе три децении. Kanal5
Според предлог-законот поднесен од неговата партија Фидес, Парадата на гордоста ќе биде забранета, бидејќи може да биде штетна за децата.
„Со предложениот предлог-закон се менува законот со кој се уредува правото на собирање така што се забранува одржување собир со кој се крши забраната пропишана со Законот за заштита на децата“, се наведува во предлогот. Kanal5