Претседателот Доналд Трамп ги исфрла глобалните медиуми поддржани од САД, вклучително и Гласот на Америка, кои емитуваат вести за милиони ширум светот – и против кои тој долго време зборува.
Околу 1.300 новинари, продуценти и помошен персонал на Гласот на Америка добиле известување дека се испратени на принуден одмор, еден ден откако претседателот Доналд Трамп потпиша указ за укинување на Агенцијата за глобални медиуми на САД (УСАГМ). Покрај Гласот на Америка, под оваа владина агенција спаѓаат и Радио Слободна Европа/Радио Слобода, Канцеларијата за емитување за Куба и Радио Слободна Азија.