Американскиот претседател Доналд Трамп му предложи на украинскиот претседател Володимир Зеленски САД да ја преземат контролата врз украинските електрани, за да се осигура нивната безбедност, пренесува AP. Трамп му рекол на Зеленски дека САД „може да бидат многу корисни во управувањето со овие постројки со својата експертиза за електрична енергија и комунални услуги“, се вели во изјавата на државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денешниот телефонски разговор со американскиот колега, Доналд Трамп го оцени како „позитивен, многу суштински и искрен“.
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека околу еден час разговарал по телефон со украинскиот лидер Володимир Зеленски.
Многу од елементите на конечниот договор за Украина се договорени, но останува и многу работа, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп пред разговорот со рускиот колега Владимир Путин.