Француската влада планира на сите домаќинства да им испрати „прирачник за преживување“ со упатства што да прават во случај на вооружен конфликт, природна катастрофа или здравствена криза, јавуваат француските медиуми.
Иако прирачникот не ја спомнува Русија или војната во Украина, претходно овој месец францускиот претседател Емануел Макрон ја предупреди нацијата за „руската закана“ со која се соочува Европа додека САД постепено се повлекуваат од континентот.
Доколку предлогот биде одобрен, брошурата ќе биде испратена пред летот и ќе содржи информации слични на оние што веќе се наоѓаат на владината веб-страница објавена во 2022 година.
Таму има графички водич со упатства за тоа што да се спакува во комплети за итни случаи: најмалку шест литри флаширана вода, конзервирана храна, батерии и батериска ламба, медицински прирачник, радио на батерии, основни алатки, топла облека, полначи за телефон, готовина, фотокопии од документи итн. A1on
Француската влада планира на сите домаќинства да им испрати „прирачник за преживување“ со упатства што да прават во случај на вооружен конфликт, природна катастрофа или здравствена криза, јавуваат француските медиуми. Plusinfo
Иако прирачникот не ја спомнува Русија или војната во Украина, претходно овој месец францускиот претседател Емануел Макрон ја предупреди нацијата за „руската закана“ со која се соочува Европа додека САД постепено се повлекуваат од континентот. Plusinfo
Никој не може да каже што ќе се случи во месеците или годините што доаѓаат.
Она што јас сакам е да бидеме подготвени. Kajgana
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Француската јавна инвестициска банка Bpifrance ќе создаде фонд за финансирање одбранбени проекти во вредност од 450 милиони евра, објави денеска францускиот министер за финансии Ерик Ломбард.
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е приведен поради обвиненија за корупција и тероризам, го повика турскиот народ да застане против, како што рече, „злото“.
Протестите за приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, и покрај забраните за јавни собири, продолжија и синоќа во Турција.
Директорката на „Хјуман рајтс воч“ за Турција, Ема Синклер-Веб, го осуди приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.
Швајцарските медиуми апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу го оценија како погребување на демократијата во Турција од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера, (19 март) за време на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи САД да ја преземат сопственоста на украинските електрани, додека тој се обидува да го премости јазот меѓу Москва и Киев и да обезбеди прекин на огнот во повеќе од тригодишната војна.
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Судејќи според некои од денешните наслови во Русија, Москва смета дека последниот телефонски разговор меѓу претседателите Путин и Трамп поминал добро – секако за Кремљ, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денешниот телефонски разговор со американскиот колега, Доналд Трамп го оцени како „позитивен, многу суштински и искрен“.
Европската унија ќе го одложи спроведувањето на својот прв пакет царини за американски стоки до средината на април за да овозможи дополнително време за разговори со Вашингтон, изјави портпаролот на ЕУ за CNBC во четвртокот.
Европската комисија одлучи да ги одложи царините што ги најави како контрамерки на американското воведување царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ. Комисијата кон средината на март објави дека на 1 април ќе ги активира постојните контрамерки против САД, кои беа суспендирани во 2018 и 2020 година, а кон средината на април ќе усвои нов пакет контрамерки за американскиот извоз.
Граѓаните на Гренланд почнаа да бојкотираат американска стока во знак на протест против најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека островот ќе биде припоен кон САД, јави денеска локалната радио станица КНР.