Илјадници луѓе се собраа денеска втора ноќ по ред пред градското собрание на Истанбул во знак на протест против апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу, најсериозниот политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е приведен поради обвиненија за корупција и тероризам, го повика турскиот народ да застане против, како што рече, „злото“.
Во Турција притворени се 27 лица под сомнение дека на социјалните мрежи објавиле провокативни коментари за апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кому му е одреден притвор поради истрага за корупција, се огласи додека десетици припадници на специјалната полиција беа распоредени пред неговиот дом.