Путин изјави дека вооружувањето и мобилизацијата на Украина мора да се запре во контекст на американската идеја за привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, соопшти Кремљ.
Зеленски претходно денеска најави дека ќе разговара со Трамп и рече дека очекува да слушне повеќе за плановите на американскиот претседател за спроведување на прекинот на огнот. Kanal5
Ние веруваме дека заедно со Америка, со претседателот Трамп и под американско водство, може да се постигне траен мир оваа година, наведува Зеленски.
Тој посочи и дека украинскиот и американскиот тим се подготвени следните денови да се сретнат во Саудиска Арабија за решавање на техничките прашања поврзани со спроведувањето и проширувањето на делумниот прекин на огнот. Libertas
Тој истакна дека му се заблагодарил на Трамп за состанокот на украинските и американските тимови на 11 март во Џеда, што „значително помогнал во напредокот кон завршување на војната“.
Се согласивме дека Украина и САД треба да продолжат да работат заедно за да се постигне вистински крај на војната и траен мир. Telma
Траеше околу еден час“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
Истакна дека голем дел од дискусијата се базирала на вчерашниот телефонски разговор на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин „за да можат и Русија и Украина да се усогласат со нивните барања и потреби“. Kajgana
Американската сопственост на овие електрани ќе обезбеди најдобра можна заштита и поддршка за енергетската инфраструктура на Украина, посочи Ливит.
Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера изјави дека сака САД и другите сојузници да престанат со споделување на разузнавачки информации со Киев и да се стопира испорака на оружје за Украина. Libertas
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Хелсинки изјави дека планира да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп подоцна во текот на денот. A1on
Двајцата разговараа откако трамп претходно два часа разговараше со рускиот претседател Путин, што двете страни соопштија дека се договориле да има прекин на нападите врз енергетската инфраструктура.
Зеленски вели дека Трамп споделил детали од разговорот со Путин и ја потврдил подготвеноста на Украина да спроведе ограничен прекин на огнот во енергетиката и цивилната инфраструктура. Kanal5
Иронично, аргументот на Зеленски, дека не може да му се верува на Путин да склучува или да ги задржи договорите за прекин на огнот, сега се покажа вистинито.
Украина и Русија се борат за вниманието на претседателот и се обидуваат да го обвинат другиот за попречување на мирот. Civilmedia