Српскиот претседател Александар Вучиќ во средата во Брисел изјави дека Хрватска и Албанија отвориле трка во вооружување во регионот со потпишување воен договор со „привремените институции“ во Приштина, додека српскиот министер за одбрана рече дека тоа е „провокативна иницијатива“ на соседните земји.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел, по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Хрватска, Албанија и Косово отвориле трка во вооружување во регионот откако го прекршиле подрегионалниот договор од 1996 година со потпишување меморандум за соработка во одбраната во вторникот, јавува Бета, пренесе Цивил Медиа.