Граѓаните на Париз денеска на референдум гласаат за да одлучат дали уште 500 улици во градот треба да станат пешачки и зелени зони, што е нов напор на лево наклонетото градско собрание на француската престолнина за ограничување на користењето автомобили и подобрување на квалитетот на воздухот, јавува . Ова е трет ваков референдум во Париз во исто толку години, по гласањето во 2023 година со кое беше одобрена забраната за електрични скутери и минатогодишната одлука за тројно зголемување на таксите за паркирање на големите теренци. Radiomof