СAД вршат неприфатлив притисок врз Гренланд, изјави за ТВ2 данската премиерка Мете Фредериксен, пред посетата на висока американска делегација на полуавтономната данска територија оваа недела.
Поради топењето на глечерите и на вечниот мраз, на виделина се појавува сè поголема копнена површина од Гренланд.
Гренландскиот премиер Муте Б. Егеде остро ја осуди најавената посета на американска делегација на земјата во која е и сопругата на потпретседателот на САД, Уша Венс.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека во петок ќе го посети Гренланд придружуван од висока американска делегација.