Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека предложените европски воени сили, кои на крајот ќе бидат распоредени во Украина, врз основа на потенцијалниот мировен договор, би можеле „да одговорат на рускиот напад“ доколку Москва го започне.
На иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон, денеска во Париз се одржува самит на европските лидери на кој ќе се разговара за идниот формат на безбедносни гаранции за Украина, како и за координација за актуелните теми кои се разгледуваат паралелно во преговорите предводени од САД – вклучително и контроверзното руско барање за ублажување на постоечките санкции.