Соединетите Американски Држави нема да го добијат Гренланд, изјави денеска на Фејсбук премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен како одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.
ЉУПЧО ПОПОВСКИ Вчера американскиот потпретседател Џеј Ди Венс отиде на Гренланд, на местото каде што не го сакаат, и каде што неколку часа пред слетувањето на неговиот авион во американската воена база, беше формирана новата гренландска влада која веднаш им порача на САД да ги тргнат рацете од островот.
Американскиот заменик-претседател Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша денес отпатуваа за Гренланд, чекор што предизвика дипломатски напнатости, пренесе ДПА.
Пратениците на Гренланд вчера се согласија за формирање на нова влада, здружувајќи се во отпорот кон напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира островот.