Вчера американскиот потпретседател Џеј Ди Венс отиде на Гренланд, на местото каде што не го сакаат, и каде што неколку часа пред слетувањето на неговиот авион во американската воена база, беше формирана новата гренландска влада која веднаш им порача на САД да ги тргнат рацете од островот.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека ќе го зајакне военото присуство на Русија на Арктикот, предупредувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп е „сериозен“ во намерата да го преземе Гренланд.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска слета на Гренланд и се сретна со американските војници во воената база Питуфик на северозападниот дел на островот.
Данскиот министер за надворешни работи во саботата одговори на критиките на американските челници за управувањето со Гренланд, велејќи дека така не разговараат „блиските сојузници“ и дека САД можат да ја зајакнат својата безбедност без преземање на островот.