Ова го соопшти Буркхарт на платформата „X“, наведувајќи дека се сретнал и со министерот за одбрана Рустем Умеров и со врховниот командант на вооружените сили Александар Сирски.
Буркхарт истакна дека целта на состанокот е „да се утврди долгорочна стратегија за реконструкција и трансформација на моделот на (украинската) армија“, што е главната гаранција за безбедноста на земјата. Sitel
Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Павло Палиша изјави дека 10 до 12 земји се подготвени да се приклучат на „коалицијата на подготвените“ во некоја форма, пренесоа украинските медиуми.
На 27 март во Париз се одржа состанок на „коалицијата на подготвените“, а главна тема на состанокот беше продолжувањето на помошта за Украина и дискусијата за структурата на идните безбедносни гаранции за Украина по завршувањето на војната. Kanal5
Началниците на Генералштабот на вооружените сили на Франција и на Велика Британија, генерал Тиери Буркхарт и адмиралот Ентони Радакин, во Киев се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и военото раководство на Украина на разговори за можното распоредување на европските мировни сили во Украина по завршувањето на конфликтот. Libertas