Стармер и Макрон разговарале по телефон, а францускиот претседател инсистирал на неопходна координација меѓу земјите од Европската унија (ЕУ) и Велика Британија наспроти царините на Доналд Трамп.
Трговска војна не е во интерес на никого, но во моментов ништо не треба да се отфрли, се согласија синоќа британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови давачки, соопшти британската влада.