Француската крајнодесничарска партија на Марин Ле Пен повика на протестен митинг во Париз денеска, откако судот и забрани да се кандидира на следните претседателски избори во Франција.
Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја искажа поддршката за лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен, откако кандидатката за претседател на Франција беше осудена за проневера и беше забранета од политичката функција,пренесе Си-Ен-Ен. „СЛОБОДА ЗА МАРИН ЛЕ ПЕН“, напиша Трамп во петокот на Truth Social, нарекувајќи ја судската одлука „Лов на вештерки“.