„Поткопувањето на синџирот на командување или агендата на претседателот Трамп нема да се толерира во Министерството за одбрана“, објави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел на X. Трамп, повикувајќи се на амбициите на САД за контрола над најголемиот остров на светот кои датираат уште од пред век и половина, тврди дека е во безбедносен интерес на САД да ја преземат контролата врз островот, кој Данска го колонизирала во 1721 година и упавува со овој стратешки дел од Арктикот. Netpress