“Среќни сме што можеме да го објавиме потпишувањето, со нашите американски партнери, на меморандум за намери, кој го отвора патот за договор за економско партнерство и формирање на инвестициски фонд за обнова на Украина,” напиша Свириденко на платформата Х. Иако не објави повеќе детали, таа нагласи дека идната спогодба, за која се очекува да придонесе за економскиот развој на двете земји, ќе мора да биде ратификувана во украинскиот парламент. Biznisvesti