Од почетокот на денот руската армија повеќе од 2.000 пати го прекршила прекинот на огнот што го прогласи Владимир Путин, соопшти украинскиот претседател Зеленски на Фејсбук, повикувајќи се на извештај добиен од врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирскиј, пренесе Укринформ.
Почнувајќи од 20 часот во неделата, 20 април, руските сили упаднаа на украинските позиции 67 пати низ различни сектори на фронтот, со најголема концентрација на напади во секторот Покровск.