Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност за потенцијални непосредни преговори со Украина.
Тој денес за руската национална телевизија изјави дека има „позитивен став кон сите мировни иницијативи“ и изрази надеж дека Киев „ќе се чувствува на ист начин“.
Путин рече дека Русија мора внимателно да го проучи овој и сите други предлози.
Москва на идејата за 30-дневно прекин на огнот тогаш одговори дека таквото примирје без конкретен договор само ќе му даде време на Киев да ги прегрупира и своите единици кои од минатата есен се во дефанзивни операции а руската војска бавно но кунтинуирано напредува. Netpress
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека коментарите на Путин, по истекот на 30-часовното велигденско примирје, за кое секоја страна ја обвини другата за кршење, значат дека тој е отворен за директни разговори.
„Кога претседателот рече дека е можно да се разговара за прашањето за ненапаѓање цивилни цели, вклучително и билатерално, претседателот ги имаше на ум преговорите и разговорите со украинската страна“, рече Песков, цитиран од руските медиуми. Denesen
Украина чека јасен одговор од Русија дали ќе го прифати предлогот за прекин на огнот врз цивилни цели.
Ова во синоќешното видеообраќање го кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски и нагласи дека Киев останува на предлогот и оти е подготвен на каква било форма на разговор за да се постигне тоа. 360stepeni
Според Путин, Русија треба да го анализира искуството од прогласувањето на овој прекин на огнот, истакнувајќи дека украинските сили го прекршиле примирјето „речиси пет илјади пати, но севкупно имаше намалување на активноста“.
Рускиот претседател рече и дека борбите се обновени, но дека Москва го кажала тоа од самиот почеток кога го објави прекинот на огнот, како и дека Москва секогаш искажува дека има „позитивен став“ кон мировните иницијативи. Netpress
Двете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето, што Киев во голема мера го отфрли како претстава.
Путин имаше обраќање во националниот центар „Русија“, каде ги оцени резултатите од Велигденското примирје и посочи на некои од „злосторствата“ на вооружените сили на Украина извршени во тие 30 часа врз цивилното население, како во проруските региони под контрила на руската војска, така и во пограничните области на руска територија. Netpress
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски не одговори директно на предлогот на Путин, во неговото синоќешно видео обраќање тој јасно стави до знаење дека Киев е „подготвен за каква било дискусија“ за прекин на огнот што ќе ги запре нападите врз цивили.
Зеленски во неделата предложи продолжување на примирјето, кое „ќе ги запре сите напади со беспилотни летала и ракети со долг дострел врз цивилната инфраструктура во период од најмалку 30 дена“. Biznisvesti
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Истовремено, тој вчера продолжи да изразува надеж дека договорот е блиску и може да се постигне дури оваа недела.
Преговарачите од САД, Украина, Велика Британија и Франција ќе се сретнат утре во Лондон на уште една рунда разговори за завршување на војната, рече Зеленски. Denesen
Москва и Киев не одржаа билатерални разговори од непосредно по руската инвазија во февруари 2022 година, но САД го зголемуваат притисокот врз нив да се согласат на примирје.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека коментарите на Путин, по истекот на 30-часовното велигденско примирје, за кое секоја страна ја обвини другата за кршење, значат дека тој е отворен за директни разговори. Denesen
Инаку, по прекинот на огнот за Велигден, што во саботата еднострано го објави рускиот претседател, борбите меѓу завојуваните страни продолжија.
Украинските власти известија за десетици руски ракетни и беспилотни напади на 21 април, додека напад на украинско беспилотно летало беше пријавен во рускиот регион Белгород. 360stepeni
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи за билатерална процедура за разговор за ненапаѓање на цивилни цели, мислел на преговори конкретно со Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, кога зборувал за билатерална процедура за разговори за ненапади врз цивилни цели, мислел на преговорите конкретно со Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија не може да одговори ниту на предлогот за 30-дневно примирје по Велигден, ниту на поограничената верзија на примирјето.
На Велигденското утро можеме да констатираме дека руската армија се обидува да создаде општ впечаток за прекин на огнот, додека во некои области продолжува со изолираните обиди за напредување и нанесување загуби на Украина.
Од почетокот на денот руската армија повеќе од 2.000 пати го прекршила прекинот на огнот што го прогласи Владимир Путин, соопшти украинскиот претседател Зеленски на Фејсбук, повикувајќи се на извештај добиен од врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирскиј, пренесе Укринформ.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово ја обвини Русија дека продолжува со нападите во текот на ноќта и покрај едностраното прогласување на прекин на огнот за велигденските празници.
Украина останува на својот предлог да не се напаѓа барем цивилната инфраструктура и очекува јасен одговор од Москва, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украина бара извинување од Фокс њуз затоа што телевизијата напиша дека Киев е „руски град“.
Украина денеска ја повика телевизијата Фокс Њуз да се извини и да спроведе истрага поради тоа што за време на известување од Велигденски богослужби главниот град на земјата Киев го означи како „руски град“.