Северна Кореја денес ја критикуваше уредбата на американскиот претседател Доналд Трамп, која има за цел да го поттикне американскиот пласман на оружје во странство, оценувајќи ја како „потег кон заострување на конфликтите“, пренесе Ројтерс.
„Од една страна, САД се претставуваат како „посредник“ кој се залага за разговор и преговори, додека од друга страна, тие континуирано обезбедуваат разни видови оружје за масовно уништување, со цел да ги охрабрат подбуцнувачите на војни да ги прошират и да ги одржат своите војни“, стои во анализа на севернокорејската новинска агенција, пренесена од споменатата агенција.