Министерството за одбрана на Русија соопшти дека украинските вооружени сили повеќе пати го прекршиле велигденското примирје што вчера го прогласи рускиот претседател Владимир Путин.
„И покрај најавата за велигденското примирје, единиците на вооружените сили на Украина во текот на ноќта се обидоа да ги нападнат позициите на руските војници во областите на населбите Суха Балка и Богатир во Доњецката Народна Република, но овие напади беа одбиени“, се наведува во соопштението од Министерство.