Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Хамас викендов го отфрлил предлогот за враќање на половина од преостанатите живи заложници што ги држи во Појасот Газа.
Хамас ја отфрли најновата понуда на Израел за прекин на огнот, наместо тоа, инсистирајќи на сеопфатен договор кој ќе вклучува ослободување на сите преостанати заложници во замена за целосен прекин на конфликтот и ослободување на палестинските затвореници, јавува Би-Би-Си. Главниот преговарач на Хамас, Халил ал Хаја, ги отфрли, како што вели, делумните договори за кои тврди дека им служат на политичките интереси на израелскиот премиер Нетанјаху.