Денеска повторно, по четврти пат, пропадна обидот за конституирање на косовскиот парламент, бидејќи кандидатката за претседател од Самоопределување, Албуљена Хаџиу, не доби доволен број гласови, пренесе Бета.
Пратениците во косовското Собрание ниту денеска не избраа претседател и потпретседатели на тоа тело, бидејќи движењето Самоопределување побара дополнително време за постигнување политички договор со другите партии, откако опозицијата најави дека повеќе нема да го поддржи нивниот кандидат за претседател на парламентот.