Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија е подготвена да потпише мировен договор, но дека убедувањето на Украина да се согласи со договорот е „потешко отколку што очекуваше“, пренесува Anadolu.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да прифати мировен договор за ставање крај на војната во Украина.
САД сакаат да обезбедат мировен договор меѓу Русија и Украина во првите 100 дена од претседателствувањето на Доналд Трамп, изјави неименуван европски функционер за Си-Ен-Ен. Оваа информација доаѓа додека американскиот државен секретар Марко Рубио го прескокнува клучниот состанок во Лондон посветен на ставање крај на војната.
САД денеска очекуваат одговор од Украина за рамката за мир, која вклучува американско признавање на Крим како дел од Русија и неофицијално признавање на руската контрола врз речиси сите области окупирани по инвазијата во 2022 година, според извори директно запознаени со предлогот, информира „Аксиос“.