Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека мировните преговори во Лондон биле обележани со „емоции“ и вети дека Украина ќе се држи до својот устав, алудирајќи на критиките на САД за неговиот став дека Киев никогаш не може да ја признае руската контрола на полуостровот Крим.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да прифати мировен договор за ставање крај на војната во Украина.
САД сакаат да обезбедат мировен договор меѓу Русија и Украина во првите 100 дена од претседателствувањето на Доналд Трамп, изјави неименуван европски функционер за Си-Ен-Ен. Оваа информација доаѓа додека американскиот државен секретар Марко Рубио го прескокнува клучниот состанок во Лондон посветен на ставање крај на војната.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува дека има мировен договор со Русија и со Украина.