Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди во средата Истанбул.
Серија земјотреси денеска ја потресе областа на Истанбул, а најсилниот беше со јачина од 6,2 степени според Рихтер, со епицентар во Мраморното Море, западно од Босфорот.
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на Истанбул, јавија турските медиуми, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време, откако на истата локација во 12:13 часот бил регистриран земјотрес од 3,9 степени.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека сите релевантни единици во Турција се во состојба на готовност откако областа на Истанбул беше погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 6,2 степени според Рихтер.