📹 لحظه انفجار در اسکله شهیدرجایی بندرعباس https://t.co/Ih5xvKoPBK pic.twitter.com/jJpFJtF4g8 — خبرگزاری تسنیم 🇮🇷 (@Tasnimnews_Fa) April 26, 2025.
Портпаролот на иранската Организација за управување со кризи, Хосеин Зафари, изјави дека лошото складирање на хемикалии во контејнерите во пристаништето Раџаи е причина за несреќата. Kanal5
Бројот на жртви во големата експлозија во пристаништето Раџаи во градот Бандар Абас на југот на Иран се зголеми на 18, а бројот на повредени на повеќе од 800. Telma
Пристаништето Шахид Раџаи е едно од главните трговски пристаништа во Иран, лоцирано повеќе од 1.000 километри јужно од главниот град Техеран.
Во 2020 година компјутерската мрежа на пристаништето Шахид Раџаи беше мета на хакерски напад, што предизвика хаос во доставите. Libertas
Четири лица загинаа во експлозијата што се случи денеска во пристаништето Шахид Раџаи на југот на Иран, соопшти организацијата за спасување на Иран. Kanal5
Новинар на телевизијата јави дека „пожарот е под контрола, но сè уште не е целосно изгаснат“, известувајќи од местото на настанот.
Експлозијата и последователниот пожар се случиле вчера околу пладне во важната трговска лука Шахид Раџаи, во близина на големиот град Бандар Абас, кој излегува на Ормускиот теснец низ кој поминува една петтина од светското производство на нафта. Mk