Шпанското Министерство за внатрешни работи прогласи вонредна состојба во земјата по денешниот прекин на електричната енергија.
Шпанскиот оператор за електрична енергија „Ред Електрика“ објави дека во повеќе области е обновено снабдувањето со електрична енергија.
Тие велат дека ќе бидат потребни помеѓу шест и осум часа за нормализирање на ситуацијата.
Прекинот на електричната енергија ја парализираше инфраструктурата, сообраќајот, комуникациите, како и работењето на аеродромите, железниците и метроата во неколку поголеми градови, вклучувајќи ги Мадрид, Барселона, Севиља и Валенсија. Kanal5
Шпанската влада го активираше Протоколот 2 од својот план за вонредни состојби во Мадрид по масовните прекини на електричната енергија во Шпанија, Португалија и Франција.
Овој протокол предвидува интервенција на државата или локалните самоуправи за контрола на вонредни ситуации во кои може да се појават големи штети. Kanal5
„Нуклеарните централи продолжуваат да произведуваат и испорачуваат електрична енергија до мрежата од безбедносни причини.
Сепак, внатрешните системи на секоја електрана мора да останат оперативни, а објектите користат дизел опрема што е достапна за секоја нуклеарна централа“, соопшти Советот за нуклеарна безбедност (CSN). За потсетување, шпанската влада го активираше Протоколот 2 од планот за вонредни состојби во Мадрид по масовните прекини на електричната енергија во , Португалија и Франција. Kanal5
Компанијата „Ред Електрика“, која е одговорна за снабдување со електрична енергија во Шпанија, вели дека струјата полека се обновува во северните делови.
Националниот институт за сајбер безбедност во Шанија, исто така, спроведува истрага, но сè уште не донеле заклучок. Denesen
Канарските и Балеарските Острови првично не беа погодени од прекинот на електричната енергија.
Поради прекин на електричната енергија, голем број патници останаа во хаос по прекинот на електричната енергија на аеродромот во Лисабон. Denesen
Португалските власти соопштија дека прекинот бил предизвикан поради проблем во шпанската електрична мрежа и бил поврзан со „редок атмосферски феномен“.
Прекинот на електричната енергија бил предизвикан од „многу силна осцилација во електричната мрежа“ што доведе до „испад на електроенергетскиот систем на Шпанија од европскиот систем и колапс на ибериската електрична мрежа во 12:38 часот“, соопшти Едуардо Прието, директор на шпанскиот оператор на преносниот систем на електрична енергија. Telma
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска предизвика целосен колапс во секојдневниот живот во поголемиот дел на Шпанија и Португалија, јавуваат светските агенции.
Прекинот предизвика застој на метроата и железничкиот сообраќај, телефонските услуги не се достпани, а исклучени за 50 милиони луѓе кои живеат на Пиринејскиот полуостров останаа и семфорите на сообраќајниците и банкоматите, пренесе Асошиејтед прес (АП). Шпанскиот дистрибутер на електрична енергија „Ред Електрика“ соопшти дека ќе бидат потребни помеѓу шест и 10 часа за целосно враќање на електричната енергија во земјата и соседна Португалија. 360stepeni
Спротивно на тоа, „зголемената поврзаност може да ризикува ширење на нестабилност на фреквенцијата во соседните системи“, додаде таа, создавајќи домино ефект на каскадни прекини во другите земји од ЕУ. Постоеше опиплива загриженост во врска со ситуацијата низ цела Шпанија.
Еден студент кој излегуваше од универзитет во Барселона се слушна како прашува: „Дали е ова сајбер напад? Nezavisen
Португалскиот оператор на мрежата РЕН изјави дека „екстремните температурни варијации“ во Шпанија предизвикале неочекувани флуктуации низ високонапонските водови.
Тоа предизвикало делови од мрежата да не се синхронизираат, „што довело до последователни нарушувања низ меѓусебно поврзаната европска мрежа“. Nezavisen
Шпанија и Португалија се шампиони на зелената енергија во ЕУ и набавуваа над 80 проценти од нивната електрична енергија од обновливи извори непосредно пред прекинот во понеделникот.
Експертите претходно изјавија дека брзата експанзија на енергијата од ветер и сончева енергија врши зголемен притисок врз шпанската мрежа, која има потреба од надградба за да се справи со рекордни количини на повремени обновливи извори. Nezavisen
Причината сè уште се утврдува “, По прекинот на струјата, шпанските аеродроми работеа на резервни електрични системи, а некои летови беа одложени, соопшти „Аена“, компанијата што управува со 56 аеродроми во Шпанија, вклучувајќи ги и оние во Мадрид и Барселона.
Во Лисабон, терминалите на аеродромоте беа затворени, а толпи туристи чекаа на отворено, чекајќи вести за летови. 360stepeni
Шпанската компанија која ја контролира електричната мрежа соопшти дека работи на постепено обновување на врската, нагласувајќи дека станува збор за „поширок европски проблем“.
Во меѓувреме, шпанската влада организираше кризен состанок на кабинетот во седиштето на „Ред Електрика“, на кој ќе присуствуваат премиерот на Шпанија Педро Санчез, првиот заменик-премиер и министер за финансии Марија Хесус Монтеро и третиот заменик-премиер и министер за животна средина Сара Агесен. A1on
Во Шпанија и Португалија пополека се враќа струјата во мрежата во определени региони откакп денеска напладне електричната мрежа во двете држави на Пиринејскиот полуостров се прекина. Telma
ЕУ врши притисок врз Иберискиот Полуостров, кој долго време функционира како енергетски остров во рамките на блокот, подобро да се поврзе со европските мрежи.
Веќе денеска, понеделник, специјалистите дебатираа дали ваквите врски би можеле да помогнат во спречувањето на масовните прекини – или да ги доведат повеќе земји во ризик од прелевање. Nezavisen
Сегашниот ограничен трговски капацитет на Мадрид со Франција „ги ограничува можностите за брз одговор за време на големи нарушувања“, рече таа.
Спротивно на тоа, „зголемената поврзаност може да ризикува ширење на нестабилност на фреквенцијата во соседните системи“, додаде таа, создавајќи домино ефект на каскадни прекини во другите земји од ЕУ. Постоеше опиплива загриженост во врска со ситуацијата низ цела Шпанија. Nezavisen
Реал Мадрид доживеа големо разочарување со синоќешниот пораз од Барселона во финалето на Копа дел реј.
Вечерва од 22:00 часот во Шпанија Барселона и Реал Мадрид ќе ги одмерат силите во финалето од Копа дел Реј, а пред овој натпревар говор пред соиграчите одржал Лука Модриќ.
Студентите од блокадата во Белград објавија на социјалните мрежи дека со објавување на нов конкурс за Советот на РЕМ, нивното барање е исполнето и дека блокадата на РТС се запира.
Вработени во РТС (членови на групата „Наш пРоТеСт“) утрово до српскиот Парламент предадоа петиција за нов јавен повик за номинирање нови членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми.
Американскиот Стејт департмент изјави дека е загрижен за директното вклучување на Северна Кореја во војната на Русија против Украина и нагласи дека распоредувањето на воено присуство на Пјонгјанг мора да биде запрено – објави „Гардијан“.
На официјалната веб-страница на Кремљ денеска е објавено соопштение од рускиот претседател Владимир Путин, во кое тој ја изразува својата благодарност до лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, за учеството на севернокорејски војници на страната на Русија во борбите во Курската област.
Шпанското Министерство за внатрешни работи прогласи вонредна состојба откако денеска снема струја речиси низ целата земја.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека во оваа фаза властите немаат информации врз основа на кои можат да извлечат заклучок за тоа што го предизвикало прекинот на електричната енергија низ поголемиот дел од Иберискиот Полуостров.
Русија објави дека е подготвена да води разговори со Украина „без никакви предуслови“, но речиси во исто време рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров постави низа јасни барања што откриваат дека Москва сè уште ги има условите за преговори.
Русија ќе продолжи да ги напаѓа објектите што ги користи украинската војска, странските борбени авиони и воените инструктори испратени од Европа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за Си-Би-Ес њуз.