Со тоа, блокадата на РТС е завршена, по 14 дена“, објавија студентите на ФДУ на социјалната мрежа „Х“. На денешната седница на собранискиот Одбор за култура и информации беше изгласана одлука за почнување постапка за предлагање кандидати за избор на членови на Советот на РЕМ.
На 14 април, студенти ги блокираа в,езовите на во центарот на Белград и на Кошутњак . Тогаш објавија дека РТС ќе биде блокиран се додека не се објави изборот на ново свикување на Советот на РЕМ. Kanal5
Студентите во блокадата најавија дека ќе ја прекинат блокадата на Радио и телевизија на Србија доколку денес на седницата на Комисијата за култура и информации на Собранието на Србија се донесе одлука за распишување конкурс за членови на Советот на РЕМ, што е едно од нивните клучни барања поради кои го блокираа јавниот сервис, пренесе Еуроњуз. Civilmedia
Мнозинството во Одборот за култура и информации го сочинуваат пратеници од владејачката коалиција, па затоа немаше гаранции дали ќе биде распишан нов конкурс.
Мандатот на претходното свикување на Советот на РЕМ истече на 4 ноември 2024 година, а нов не беше избран речиси шест месеци. Plusinfo