Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Ватикан дека САД, а не Украина, ќе го признаат Крим како дел од Русија, објави Аксиос.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, максимално ги искористил своите 15 минути со претседателот на САД, Доналд Трамп, во Ватикан, притискајќи го да заземе поостар став кон Владимир Путин и да го врати приоритетот на примирјето, . Советниците на Зеленски биле поделени околу тоа дали тој воопшто треба да ја ризикува тет-а-тет средбата по катастрофата во Овалната соба.