Неколку лица се тешко повредени кога автомобил удри во група луѓе во југозападниот германски град Штутгарт, соопшти вечерва пожарникарската бригада на X. Возачот на возилото е приведен, изјави портпаролка на полицијата, пренесе ДПА.
Додека пожарникарската бригада го опиша инцидентот како несреќа, полицијата досега не коментираше за контекстот на судирот.
Неколку лица се тешко повредени кога автомобил удри во група луѓе во југозападниот германски град Штутгарт, соопшти вечерва пожарникарската бригада на X. Возачот на возилото е приведен, изјави портпаролка на полицијата, пренесе ДПА. Libertas
Во моментов се сослушуваат сведоците, изјави портпаролката.
Возилото кое учествувало во инцидентот е темен луксузен теренец мерцедес Г-класа. A1on
Инцидентот се случил на трамвајската станица Олгаек во центарот на градот.
Пожарникари, спасувачи и полиција се на местото на настанот, кое е обезбедено. Kanal5
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Премиерот на Канада, Марк Карни, објави денес дека планира средба со американскиот претседател Доналд Трамп во вторник во Вашингтон.
Канадскиот премиер и лидер на Либералната партија на Канада, која победи на парламентарните избори во понеделник, Марк Карни, разговараше вчера со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти канцеларијата на Карни.
Принцот Хари изјави дека сака „помирување“ со остатокот од кралското семејство по судскиот спор околу неговата безбедност што го остави „разочаран“.
Принцот Хари денеска изгуби правен спор против промените во полициската заштита што ги донесе британската влада.
По земјотресот со јачина од 7,4 степени кој го погоди чилеанскиот брег во преминот Дрејк премин меѓу Кејп Хорн и Антарктикот на длабочина од само 10 километри, беше објавен повик за евакуација поради закана од цунами.
Поради земјотресот во Јужна Америка, евакуирани се и базите на Антарктикот.
Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Аргентина, според податоците од веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Официјални претставници стравуваат дека големо цунами може да го погоди Чиле по разорниот земјотрес што го погоди брегот на Аргентина, поточно превојот Дрејк.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,4 и 7,1 степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во краток период во преминот Дрејк, соопшти ЕМСЦ.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика американските Федерални резерви (ФЕД) да ги намалат каматните стапки откако утрово беше објавен извештајот за вработеноста во април, кој беше подобар од очекуваното.