По повод прославата на роденденот на претседателот Доналд Трамп и 250-годишнината на американската армија (14 Јуни), Пентагон работи на планови за воена парада што би можела да вклучува учество на повеќе од 6.500 војници, околу 150 возила и 50 борбени авиони во Вашингтон, објавија американските медиуми, повикувајќи се на изјави од неименувани функционери. Novamakedonija
Како дел од подготовките за прославата на годишнината, американската војска долго време планираше да премести војници и воена опрема во Националниот парк Вашингтон, што се протега помеѓу Капитол и споменикот на претседателот Абрахам Линколн.
Неименувани американски претставници потврдија дека плановите вклучуваат воена парада, со оглед на тоа што годишнината од војската паѓа на 79-от роденден на Трамп. Sitel