Тој ја почна својата политичка кариера како активист, залагајќи се за обединување на Романија и Молдавија, за да во 2019 година ја основа партијата Алијанса за обединување на Романците (АУР). Никушор Дан, градоначалникот на Букурешт, е независен прогресивно-либерален политичар, кој стана познат како активист против букурешката мафија за недвижнини и коосновач на зелено-либералната протестна партија Унија Да ја спасиме Романија (УСР). Дан докторирал математика и важи за чесен, некорумпиран, но и не многу успешен во својата функција градоначалник на Букурешт, бидејќи сам се бори против моќниот апарат, коментираат светските агенции. Denesen