Со законот е забрането поставување шатори и паркирање приколки, полуприколки и кампери на археолошки локалитети, крајбрежни делови, плажи, на рабови на јавни шуми и општо на јавни површини, а за прекршувањето предвидена е казна затвор до три месеци или парична казна од 300 евра по лице или по шатор или по превозно средство.
Од Министерството за туризам, по рекациите во земјата, преку соопштението детално објаснуваат „што навистина предвидува Законот 5170/2025 за кампер возилата/приколките“, истакнувајќи дека конкретната одредба „го озакони очигледното“ и дека се применува она што важи во сите земји, кои ги почитуваат законите, „кои ги штитат јавните добра, хигиената и безбедноста на сите граѓани и посетители, а во исто време јасно забрануваат злоупотреба на јавниот простор на штета на природната и културната средина“. Libertas
Граѓаните/посетителите со кампери можат да се паркираат во организирани кампови, односно во бизнисите кои работат законски и ги исполнуваат сите хигиенски и безбедносни стандарди за посетителите и, генерално, законските урбанистички и еколошки стандарди, со што се става крај на злоупотребувачкото окупирање на шумите, плажите, археолошките локалитети и, генерално, на просторите за јавна употреба од кампери и приколки, соопштија од Министерството за туризам на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Netpress
Граѓаните/посетителите со кампери можат да се паркираат во организирани кампови, односно во бизнисите кои работат законски и ги исполнуваат сите хигиенски и безбедносни стандарди за посетителите и, генерално, законските урбанистички и еколошки стандарди, со што се става крај на злоупотребувачкото окупирање на шумите, плажите, археолошките локалитети и, генерално, на просторите за јавна употреба од кампери и приколки, соопштија од Министерството за туризам на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Соопштението се однесува на законот изгласан на крајот во јануари, што како што објави МИА во петокот, во Грција се актуализираше откако на Пелопонез тројца кампери добиле казната од 300 евра за непрописно паркирање на бесплатен јавен општински паркинг на кој, според медиумите, немало никаква ознака со која се забранува паркирање на кампери во оваа област. Plusinfo