Кабинетот за безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху гласаше за интензивирање на офанзивата против палестинското екстремистичко движење Хамас во Појасот Газа сè додека териториите на енклавата не бидат целосно освоени, изјави денеска министерот Зеев Елкин.
Израел го повикува Катар, главниот посредник во преговорите меѓу Израел и Хамас, да „престане да се поигрува со двете страни со својот двоен разговор“ и да одлучи „дали е на страната на цивилизацијата или на страната на Хамас“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.