Ватикан соопшти дека ќе го прекине сигналот за мобилните телефонски мрежи за време на конклавата каде што ќе се избира новиот папа, објавија италијанските медиуми, а пренесува Си-ен-ен. Тоа, според соопштението од Ватикан, значи дека во среда на 7 мај од 15 часот сите системи за пренос на телекомуникациски сигнали за мобилни телефони на територијата на државата Ватикан ќе бидат деактивирани. Alsat
Ватикан во понеделникот вечерта објави дека ќе го исклучи телефонскиот сигнал за мобилните телефонски мрежи за време на конклавата за избор на нов папа, што нема да важи за Плоштадот на свети Петар. Netpress
Сигналот повторно ќе биде вклучен по објавувањето на изборот на папата, се наведува во соопштението.
Прекинот на сигналот нема да се однесува на плоштадот „Свети Петар“, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни. Kanal5
Потоа, новиот папа се појавува на балконот и ги поздравува посетителите на плоштадот пред базиликата.
Светските медиуми ден по упокојувањето на папата Франциск веќе објавија имиња на некои од кардиналите кои се сметаат за најсериозни кандидати за наследници на папата Франциск. 360stepeni
Беа отворени дискусии за теми како што е ракополагањето на жените, што беше табу тема со децении.
Папата основал две комисии за разгледување на ракополагањето на жените за ѓакони. Faktor