Американскиот Врховен суд ѝ одобри на администрацијата на Доналд Трамп да спроведе забрана за трансродови лица да служат во војска, една од низата мерки на републиканскиот претседател со кои се ограничуваат правата на трансродовите лица.
Во одлука која би можела да доведе до отпуштање на илјадници припадници на воениот персонал, судот го одобри барањето на Министерството за правда да укине наредба на федерален судија која го блокираше спроведувањето на забраната на Трамп трансродовите лица да служат војска додека трае судската постапка. Denesen
Американскиот Врховен суд ѝ одобри на администрацијата на Доналд Трамп да спроведе забрана за трансродови лица да служат во војска, една од низата мерки на републиканскиот претседател со кои се ограничуваат правата на трансродовите лица. Nezavisen
Трамп ги таргетираше правата на трансродовите лица во низа извршни уредби, вклучително и онаа со која американската влада признава два пола, машки и женски, кои „не се променливи“.
Трамп, исто така, донесе уредби со кои се укинува федералното финансирање за промена на пол на млади лица и им се забранува на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Denesen
Врховниот суд на САД потврди дека администрацијата на Доналд Трамп смее да ја спроведе забрана трансродовите лица да служат во војската, што е една од низата мерки на републиканскиот претседател со кои се ограничуваат правата на трансродовите лица. Libertas
Во извршната наредба на Трамп се наведува дека идентитетите на трансродовите лица се лажни и дека тие не ги исполнуваат стандардите потребни за воена служба.
. Правата на трансродовите лица се најдоа во центарот на културните војни во Америка. Libertas