Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги нарече растечките тензии меѓу Индија и Пакистан „срамота“, додека државниот секретар Марко Рубио оствари разговори со официјални претставници на двете нуклеарно вооружени ривалски држави, откако Индија нападна неколку цели во Пакистан и во пакистанскиот дел на Кашмир, . Индија е важен партнер за Вашингтон во рамки на напорите за спротивставување на растечкото влијание на Кина, додека, пак, Пакистан останува сојузник, иако неговото значење опадна по повлекувањето на САД од Авганистан во 2021 година.