Десетици загинати и повредени, меѓу нив деца по нападите кои Индија ги изврши на територијата на Пакистан во најголемата ескалација меѓу двете нуклеарни сили по неколку децении.
Нападите на Индија врз Пакистан беа насочени кон „терористички кампови“ кои служеа како центри за регрутирање и места за стационирање, каде што се складира оружје и има објекти за обука, соопшти индиската војска.
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф денеска изјави дека Пакистан има целосно право да се брани од „воен чин наметнат од Индија“ и дека одговорот на индиските напади е „насилен“.
Индиската влада вечерва потврди дека нејзините сили извршиле воени напади на вкупно девет локации во Пакистан и Кашмир, кој е под пакистанска администрација.