Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска утрово пристигнаа во Киев, каде што му се придружија на украинскиот претседател Володимир Зеленски и имаа телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.
Челниците на Велика Британија, Франција, Германија и Полска отпатуваа во Киев доцна ноќта кон саботата на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да сигнализираат единство и поддршка, ден откако на московскиот Црвен плоштад се одржаа традиционалната голема парада годинава по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија и нејзините сојузници во Втората светска војна, а рускиот претседател Владимир Путин беше домаќин на триесеттина странски челници.