Канцеларијата на израелскиот премиер соопшти дека САД ги информирале за намерата на Хамас да го ослободи Александер „како гест до Американците“, но дека очекуваат потегот да доведе до договор за ослободување на сите преостанати заложници Хамас вели дека ќе го ослободи израелско-американскиот заложник Едан Александер, за кој се верува дека е последниот жив заложник со американско државјанство во Газа, како дел од напорите за постигнување договор за прекин на огнот, пишува Би-би-си. Одлуката, како што се додава во написот, доаѓа откако висок функционер на Хамас изјави дека палестинската вооружена група преговарала директно со функционер на американската администрација во Катар.