Поранешниот адвокат за етика во Белата куќа, Ричард Пеинтер реагираше на плановите на администрацијата на Трамп да прифати луксузен авион од катарското кралско семејство кој ќе биде реновиран и користен како „Ер Форс Уан“ за време на вториот мандат на претседателот, „Ова дефинитивно ја крши клаузулата за странски плати, освен ако Конгресот не даде согласност“, нагласи Ричард Пеинтер во интервју на Си-ен-ен. Катарскиот авион „Боинг 747“ се наоѓал во Сан Антонио, Тексас, изминатиот месец, според лице запознаено со ситуацијата.