Индија и Пакистан денеска упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот, само неколку часа откако го прогласија прекинот на огнот договорен по преговорите предводени од Соединетите Американски Држави за завршување на најсериозниот воен конфликт меѓу нуклеарно вооружените ривали во последните децении, јавија светските агенции.
Индија и Пакистан потврдија дека е договорен прекин на огнот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека ќе ја зголеми трговијата и со Индија и со Пакистан.
Неколку експлозии одекнаа во индискиот дел од Кашмир само неколку часа откако американскиот лидер Доналд Трамп објави дека е постигнат прекин на огнот со Пакистан.