САД и Кина се согласија да ги намалат тарифите едни на други, бидејќи се обидуваат да стават крај на нивната трговска војна.
САД и Кина се договорија меѓусебно да ги намалат царинските стапки за 115 отсто на увезените производи за период од 90 дена, изјави денеска во Женева американскиот министер за финансии Скот Бесент, пренесува „Гардијан“.
Aмериканскиот специјален претставник за трговија Џејмисон Грир изјави дека САД и Кина постигнале „договор“ за време на трговските преговори во Швајцарија, при што најави дека повеќе информации ќе бидат објавени утре, пренесе ДПА.
Американскиот специјален претставник за трговија Џејмисон Грир изјави дека САД и Кина постигнале „договор“ за време на трговските преговори во Швајцарија, при што најави дека повеќе информации ќе бидат објавени утре, пренесе ДПА.