Висок поранешен функционер на Кремљ, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на темата, изјави дека Русија на претстојните преговори во Истанбул ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот за надворешна политика на претседателот, Јуриј Ушаков, објави весникот „Вашингтон пост“. Libertas
„Ќе направиме сè за овој состанок да биде успешен.
Ако Путин навистина е подготвен да се сретне не само во медиумите, туку и во реалниот живот, тогаш ќе направиме сè за да се договориме за прекин на огнот“, рече Зеленски, нагласувајќи ја важноста од директни преговори со Путин, кој на крајот има моќ да одлучи за прекин на огнот. Kanal5