Трагедија во Њујорк откако брод удри во мост, двајца загинати 11:42, мај 18, 2025 Две лица загинаа, а 19 се повредени, од кои две се во критична состојба, откако брод за обука на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, изјави градоначалникот Ерик Адамс.
Фото: Принтскрин Брод за обука на мексиканската морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк , при што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пренесе ДПА.
Две лица загинаа, а 19 се повредени, откако висок тренинг брод на мексиканската морнарица се удри во потпорниот столб на Бруклинскиот мост во Њујорк, јави Би-Би-Си. Бродот „Куаутемок“ (Cuauhtémoc), на кој имало 277 лица, останал без струја додека капетанот маневрирал во близина на мостот, соопшти њујоршката полиција.